
Норвешка го освои првото злато на Светското првенство во крос-кантри во женска конкуренција, откако славеше на штафетна трка (4×5 км).
Во Планица (Словенија), најсјајното одличје на скандинавската земја (50:33,3) и’ го донесоа Тирил Уднес Венг, Астрид Ојре Слинд, Ингвилд Флугштад Остберг и Ане Шерсти Калваа.
На втората позиција се искачи селекцијата на Германија (+20,5), составена од Лаура Гимлер, Пиа Финк, Катарина Хених и Викторија Карл.
Во битката за бронзата, Шведска (+28,7) успеа да ја натскија Финска (+30,5), која, сепак, беше конкурентна до самиот крај.
Боите на ,,бронзената” репрезентација ги бранеа Ема Рибом, Еба Андерсон, Фрида Карлсон и Маја Далквист.
Во продолжение, пласманот во топ 10 го комплетираа САД (+1:34,6), Франција (+2:29,6), Италија (+2:30,0), Канада (+3:24,5), Чешка (+3:53,0) и Швајцарија (+4:16,8).