
За првпат после сезоната 2016/17, екипата на Металург Магнитогорск избори финале на КХЛ.
Во овогодинешното полуфинале, ,,Лисиците” го поразија Трактор Чељабинск со вкупен резултат од 4-1.
На петтиот натпревар, одигран во ,,Арена Металург”, клубот од Магнитогорск триумфираше со 2-1.
Домаќините поведоа во првата третина преку Максим Карпов, а гостите израмнија во вториот период, благодарение на Витали Кравцов.
Конечната победа на Металург му ја донесе Григори Дронов, кој ја затресе мрежата на Роман Вил на петнаесет секунди пред крајот.
Во битката за Гагарин Куп, Металург Магнитогорск ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу СКА Ст. Петербург и ЦСКА Москва.




