
Во триесеттото коло од српската Супер лига, Чукарички успеа да им одолее на нападите на Партизан и да избори реми од 0-0.
За ,,Црно-белите”, освоениот бод беше еднаков на пораз бидејќи во пресрет на дербито против Црвена Ѕвезда, нивниот заостаток изнесува два поени.
Сепак, Партизан беше ,,оштетен” на мечот на ,,Баново брдо”, откако, во единаесеттата минута, дефанзивецот на Чукарички, Бојан Ковачевиќ, како последен играч во одбраната, му направи фаул на Рикардо Гомеш и доби само жолт картон.
По натпреварот, тренерот на домашниот состав, Саша Илиќ, накратко го даде своето мислење за целата ситуација:
,,Јас ретко кога коментирам за судењето, ама факт е дека Бојан Ковачевиќ направи фаул, кој требаше да се санкционира со црвен картон.”
Само еден ден после оваа изјава, Илиќ и Чукарички ја прекинаа соработката што предизвика бурни реакции во српската спортска јавност.
Имено, Илиќ, во својата играчка кариера, помина цели осумнаесет години во дресот на Партизан, а овој факт и’ даде нова димензија на горенаведената изјава.