Менил Велиоски големиот музички талент од Лабуништа, Струга кој беше вицешампионот на првата сезона на шоуто за некои нови клинци “Ѕвездичките на Гранд”, кое се емитуваше на Канал 5 телевизија после долго време на пазарот се појави со нова песна. Овој пат станува збор за дует со прекрасната пејачка Ариа од соседна Бугарија. Веројатно Менил планира освојување на музичкиот пазар и во оваа соседна земја.



