Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерард Пике призна дека сака еден ден да стане претседател на најголемиот каталонски клуб, а има и планови што би правел ако е на чело на Барселона.
Пике на 2 февруари ќе наполни 34 години, не планира да игра после истекот на договорот во 2024 година, а верува дека харизмата би му помогнала во иднина да победи на претседателски избори.
Жерард Пике кога би станал прв човек на Барселона, за тренер би го поставил Чави и Андреас Иниеста како помошник, додека технички секретар би бил уште еден екс капитен на Барса, Карлес Пујол.



