Мелбурн Демонс ја остварија можеби и најважната победа во досегашниот дел од сезоната.
Имено, ,,Ѓаволите”, во директен дуел за осмото место, односно последното што води во плејоф, ги поразија ГВС Џајантс со (11.8) 74-79 (12.7).
Најефикасен играч на мечот беше Брент Даниелс (ГВС), кој постигна хет-трик, а дури три фудбалери на Мелбурн постигнаа по два гола – Оскар Бејкер, Трент Риверс и Чарли Спарго.
Со оваа победа, Демонс скокнаа на осмата и ги потиснаа денешните ривали на деветтата позиција во пресрет на последното коло од регуларната сезона. Во игра за плејоф, можат да се уклучат и Вестерн Булдогс и Карлтон Блус, кои треба да ги одиграат своите последни два натпревари.



