Фулам и Арсенал ја отворија новата премиерлигашка сезона со нивниот меѓусебен дуел на ,,Крејвен Котиџ”.
До победата во градското дерби на Лондон дојде Арсенал со резултат од 0-3.
,,Топџиите” поведоа уште во деветтата минута со голот на Александр Лаказет по грешката на стоперот на Фулам – Тим Рим.
Лаказет влезе во историјата како единствен стрелец на првиот погодок во Премиер лигата во две сезони (2017/18 и 2020/21).
На самиот старт на второто полувреме, вториот гол на мечот го постигна Габриел, кој го запиша својот првенец на дебито во дресот на Арсенал.
Во педесет и седмата минута, во листата на стрелците се запиша и Пјер-Емерик Обамејанг за конечни 0-3.