Екипата на ЦСКА Москва го отвори денешниот натпреварувачки ден со ,,петарда” во мрежата на Амур Хабаровск.
Имено, екипата од Москва славеше со 1-5 на гостувањето во ,,Платинум Арена” и го презеде првото место на Западот. Од друга страна, Амур го запиша петтиот пораз од исто толку одиграни натпревари.
Головите за ЦСКА ги постигнаа Никита Коростелев и Сергеј Андронов во првата, Константин Окулов во втората и Максим Мамин и Максим Шалунов во третата третина.
Единствен играч на Амур што ја затресе мрежата на осумнаесетгодишниот дебитантски голман на ЦСКА, Всеволод Скотников, беше Александер Горшков во воведната минута на третиот период.



