
По третпат во низа на меѓусебните дуели, Мелбурн Демонс ги совладаа Ричмонд Тигерс, откако во шестото коло славеа со (15.6) 96-78 (11.12).
,,Тигрите” влегоа во натпреварот на подобар начин, достигнувајќи максимални +25 во втората четвртина, но Демонс дојдоа до триумф во четвртиот квартал со серијата од 31-4.
Од фудбалерите на домашниот состав, хет-трик од голови запишаа Џејкоб Ван Рујен (3.1) и Кејд Чендлер (3.0).
Од ,,Црно-жолтите”, најефикасни поединци во офанзивата беа Џек Риволдт (4.2) и Ноа Камберленд (3.0).
На табелата, Ричмонд се наоѓа на, за нив очајното, шеснаесетто место, додека Мелбурн скокна на втората позиција.