
Едмонтон Оилерс и ЛА Кингс ја играат најизедначената осминафинална серија од тековниот плејоф на НХЛ.
Од досегашните четири пресметки, дури три беа решени после продолжение, а вкупниот резултат гласи 2-2.
Синоќа, на четвртиот дуел, Оилерс успеаја да триумфираат со резултат од 4-5, откако после десет дополнителни минути, победничкиот гол го заби Зек Хајмен.
Претходно, во првата третина, Габриел Виларди, Виктор Арвидсон и Анже Копитар стрелаа за 3-0 во корист на Кингс, а во втората третина, за гостите израмнија Иван Бушар и Леон Драисаитл (х2).
Во третиот период, ново водство на претставниците на Калифорнија им донесе Мет Рој, додека, на три минути пред крајот, регуларно реми избори Евандер Кејн.