Екипата на Караорман игра одлично во последните три кола во ВМФЛ. Посебно пофалби заслужуваат дефанзивната линија и голманот Антонио Столевски кој се без примен гол на последните три натпревари.

Во дуелите со Охрид, Детонит Плачковица и вчера против Борец тимот на Караорман не прими гол, а постигна дури ПЕТ од кои еден во Езерското дерби и четири вчера.