
Еден од најдобрите европски голфери, Рори МекИлрој, синоќа ја освои својата јубилејна дваесетта победа на турнирите од ПГА Тур.
Северноирецот, со учинок од (-25), беше најдобар на петтото издание на Си Џеј Куп, воедно станувајќи и првиот Европеец што го освоил ова натпреварување.
МекИлрој влезе во првата рунда на релативно незадоволителен начин, но успеа да се искачи кон врвот со неверојатниот трет ден во кој освои (-10) поени.
На второто место, после огромна неизвесност, се пласираше шампионот на Опен Чемпионшип, Колин Морикава, кој доцнеше само еден поен (-24).
Третото место, со по (-22) поени, го поделија Рики Фаулер и Кит Митчел, а петтата позиција со (-21) ја освоија Сем Бурнс, Телор Гуч, Адам Скот и Арон Вајс.



