
По вторпат во низа на меѓусебните дуели, Отава Сенаторс ги поразија Далас Старс, откако синоќа славеа со 3-2.
Уште во петтата минута, Михаел Рафл стрелаше за водство од 0-1 на Далас, а само педесет секунди подоцна, Ник Пол израмни на 1-1.
Во втората третина, Крис Тирни двапати се запиша во листата на стрелците со пауер-плеј погодоци и им донесе водство на Сенаторс од 3-1.
Старс се обидуваа да креираат шанси во третиот период, но единствено успеаја да дојдат до почесен гол преку Џоу Павелски.
Во Источната конференција, Отава скокна на седмото место со четири поени, додека Далас е единаесетти на Западот.



