
Во мај 2021, моментално единаесеттиот светски играч на ранг-листата во снукер, Марк Ален, прогласи банкрот.
Сепак, предводен од громогласната публика во Белфаст, Северноирецот, за првпат во својата кариера, го освои опен-турнирот на Северна Ирска и заработи 70 000 фунти.
Во текот на изминатата недела беше одиграно вкупно шестото издание на овој турнир, кој воедно беше трет од серијата на домашните нации во тековната сезона.
На него, во финалето, миленикот на публиката, Ален, го порази седмопласираниот на ранг-листата, Џон Хигинс, после огромна борба со 9-8.
Новиот шампион влезе во мечот на сигурен начин, имајќи предност од два фрејмови во два наврати, но Хигинс успеа да се врати во игра.
Шкотланѓанецот го презеде водството во свои раце при резултат од 6-7, а веднаш потоа поведе и со 6-8, дополнително отежнувајќи му ја зацртаната цел на својот ривал.
Сепак, за Ален, ова не беше најголем пресврт на овој турнир.
35-годишниот играч, во четврт-финалето губеше со навидум убедливи 3-0 од бранителот на титулата, Џад Трамп, и на сензационален начин успеа да направи пресврт и да се пласира во полуфинале.



