
Последната трка од сезоната на Светскиот куп во алпско скијање, одржана во Мерибел (Франција), донесе огромна возбуда.
Имено, на последниот слалом, до втората победа во кариерата дојде Атле Ли МекГрат (1:34,52), кој беше трет после првата серија.
На второто место се пласираше неговиот сонародник, Хенрик Кристоферсен (+0,37), кој воедно го освои и малиот кристален глобус во најтехничката дисциплина.
Огромни проблеми на Норвежаните им предизвика Мануел Фелер (+0,77), кој со третата позиција, значајно го загрози генералниот поредок, но притисокот не влијаеше врз Кристоферсен.
Трка на кариерата отскија Бугаринот Алберт Попов (+0,93) на четвртата позиција, а со убедливо најдоброто второ издание, како петти заврши Шпанецот Хоаким Саларич (+0,97).
Во првите десетмина се пласираа уште: Тимон Хауган (+1,01), Томазо Сала (+1,08), Лук Винтерс (+1,12), Марко Шварц (+1,18) и Михаел Мат (+1,19).
Победник во генералниот поредок е Швајцарецот Марко Одермат, кој не настапи на денешната трка.