
Женскиот дел од сезоната на Светскиот куп во алпско скијање се заврши денес во Мерибел (Франција) со трката во велеслалом.
До јубилејната дваесетта победа дојде Италијанката Федерика Брињоне (2:14,68), која беше втора после првата серија.
На второто место, за 1-2 подиум на Италија, заврши Марта Басино (+0,31), а новата вицешампионка, Петра Влхова (+0,37), беше третопласирана.
Најсреќна и покрај четвртото место беше Теса Ворли (+0,45), која ја израдува домашната публика со малиот кристален глобус во велеслалом, а во топ 5 се најде уште Рагнилд Мовинкел (+0,61).
Лидерката после првата рунда, Микаела Шифрин (+0,67), со победа можеше да и’ го ,,украде” проматот на Ворли, но накрај заврши на седмото место.
Сепак, Американката го освои големиот кристален глобус и во наредната сезона ќе биде бранителка на титулата.