
Дваесет и седмото коло од англиската Лиг 1 беше затворено со понеделничкиот дуел помеѓу Порт Вејл и Питерборо Јунајтед.
Имено, Питерборо дојде до третиот меѓусебен триумф во низа, откако славеше на ,,Вејл Парк” со резултат од 0-2.
Во првото полувреме и двете екипи имаа по една колосална неискористена шанса, но во вториот дел, гостите двапати ја затресоа противничката мрежа.
За избраниците на Дарен Фергусон, двоен стрелец беше Ефрон Мејсон-Кларк (56′, 64′), кој во интервал од осум минути, двапати го матираше Џек Стивенс.
На табелата, Порт Вејл остана на единаесеттата позиција, додека Питерборо скокна на седмото место.