
На досегашните десет одиграни натпревари од тековната сезона на грчката Супер лига 2 Југ, Проодефтики има учинок од три победи и седум порази.
Имено, третиот триумф на претставниците на Пиреја беше остварен во единаесеттото коло, со минимални 1-0 против Епископи.
Овој дуел беше петти меѓусебен на двете екипи во дваесет и првиот век и дури четврт на кој беше постигнат само еден погодок.
Овој пат, човек на одлуката за домашниот состав беше Полјакот Данијан Павлас (8′), кој стрелаше за првпат во грчкиот фудбал.
Со новите три бода, Проодефтики излезе од ,,црвената” зона и се искачи на единаесеттата позиција, додека Епископи го држи претпоследното место со само два поени.