Фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против против Финска и Азербејџан кој ќе се одиграат денес 17. и 20. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
МАКЕДОНИЈА – ФИНСКА (Национална арена „Тодор Проески“, 17. ноември, 18:00 часот)
МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН (Национална арена „Тодор Проески“, 20. ноември, 14:00 часот)
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски на официјална прес-конференција зборуваше за очекувањата од натпреварот против Финска кој ќе го одиграме вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Лигата на Нации е зад нас. Сега не очекуваат два натпревари против Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациските натпревари во март. Секако ќе пробаме различни варијанти кои ќе ни бидат во функција за сето она што не очекува на квалификациските мечеви. Не случајно инсистирав да играме со квалитетни противници, Финска е супер тим, неслучајно се во вториот барабан за групите од европските квалификации. Натпреварот ќе ни покаже или ќе ни даде насока и правец што би требало да се промени или да се задржи за она што не очекува и во групната фаза. Знаете дека имаме квалитетна група и затоа ни се потребни овие контроли со квалитетни противници.
Ќе има некои промени, особено што последните мечеви ни дадоа некои насоки, посебно во реализацијата дека треба да се подобриме. На тој момент не бев задоволени се надевам во иднина ќе го промениме тој сегмент.