
За првпат после 1964 и 1980, Мароко поврза две победи против селекцијата на Гана.
Имено, во првото коло од групата Ц на Африканскиот куп на нации, Мароканците ја поразија Гана со 1-0, надоврзувајќи се на триумфот од пријателскиот дуел на 8 јуни 2021 (1-0).
Дербито во досегашниот тек на првенството беше решено со голот на фудбалерот на Анжер, Софијан Буфал (83′), во завршницата на натпреварот.
Со исклучок на погодокот, останатиот дел од мечот не се состоеше од интересни моменти, туку од базирање на играта околу средината на теренот.
Единствената солидна шанса, Гана ја имаше во 72. минута, кога ударот од дистанца на Џозеф Паинтсил беше фантастично одбранет од Јасин Буну.
Освен Мароко и Гана, дел од групата Ц се Габон и дебитантот Комори, кои ќе се соочат во 20.00 часот.
Во средишниот денешен термин, освен Мароко, триумф избори и Гвинеја, која, во рамките на групата Б, со 1-0 славеше над Малави.