
Првата трка од Светскиот куп во алпско скијање после Светското првенство беше велеслаломот во Палисадес Тахоу, САД.
На ова натпреварување, до првата победа во втората најтехничка дисциплина дојде Марко Шварц (2:23,63).
Австриецот беше дури петти после првата серија, но стигна до конечниот триумф со најдоброто издание во вториот дел.
На втората позиција заврши лидерот во генералниот поредок, Марко Одермат (+0,03), додека третопласиран беше Расмус Виндигштад (+0,36), кој се искачи на пиедесталот по третпат во кариерата, односно првпат после 2019.
Од останатите скијачи, под една секунда доцнеше уште Хенрик Кристоферсен (+0,73), а пласманот во топ 5 го комплетираше Штефан Бренштајнер (+1,01).