
Мансфилд Таун го запиша првиот лигашки пораз после повеќе од месец и пол, откако во триесет и четвртото коло од англиската Лиг 2 загуби со 2-5 од Салфорд.
И покрај загубениот меч, популарните ,,Стегс” останаа во плејоф-зоната на седмото место, додека Салфорд ја презеде токму шестата позиција.
Гостите од околината на Манчестер се стекнаа со двојна предност уште во првата четвртина од натпреварот и рутински ја задржаа до самиот крај.
За победничкиот состав, двапати реализираше Метју Лунд (18′, 56′), а по еднаш погодија – Калум Хендри (21′), Лук Болтон (50′) и Тео Восел (81′).
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Дејвис Кејлор-Дан (36′) и Џордан Боувери (88′).