
Микаела Шифрин со златни букви се испиша во историјата на алпското скијање, откако ја запиша осумдесет и седмата победа во Светскиот куп.
Имено, Американката триумфираше на слаломот во Оре (Шведска) и на овој начин го престигна легендарниот Ингемар Стенмарк (86).
На второто место, зад Шифрин, се пласираше Венди Холденер (+0,92), а најдобрата домашна претставничка беше Ана Свен-Ларсон (+0,95) на третата позиција.
Од останатите скијачки, под две секунди заостануваа само уште Пола Молцан (+1,54) и Лоренс Ст. Жермен (+1,59).