
Марко Одермат ја завери својата светска титула и титулата во супервелеслалом, триумфирајќи на четири од последните пет трки во Светскиот куп.
Имено, денес, Швајцарецот (1:23,91) беше најбрз во Солдеу (Андора) на последното овосезонско натпреварување во супервелеслалом.
Зад него, за првпат во кариерата во оваа дисциплина, се пласираше Марко Шварц (+0,29), а трет беше новиот вицешампион – Александер Омодт Килде (+0,71).
Од другите конкуренти, под една секунда доцнеа уште: Рајан Кохран-Сигл (+0,86), Џефри Рид (+0,87), Андреас Сандер (+0,96), Доминик Парис (+0,98) и Матија Касе (+0,99).