По одличниот старт на сезоната од три врзани победи, Балтимор Ориолс почнаа да го оправдуваат епитетот ,,најслаб тим на хартија во МЛБ” и запишаа седум порази на последните девет средби.
Имено, претставниците на Мериленд загубија од Сиетл Маринерс со резултат од 2-4 во првиот од двата синоќешни дуели одиграни во седум периоди.
Ориолс поведоа во првиот ининг, откако Треј Мансини постигна хоум-ран, додека Маикел Франко имаше освоена база за дополнителен поен.
Со иста мера возвратија и Маринерс четири периоди подоцна, кога хоум-ран забележа Митч Ханигер, а уште еден поен додаде Сем Хагерти.
Конечниот резултат беше поставен во шестиот ининг при ударот на Џеј Пи Крофорд што им овозможи на Брејден Бишоп и на Дилан Мур да дојдат до четвртата база.
Непосредно по натпреварот, Сиетл (7-5) брше четврти тим во Американската лига, додека Балтимор (5-7) ја заземаше десеттата позиција.
📸 Mitchell Layton/Getty Images



