По трите врзани порази, Њукасл Најтс се вратија на победничките патеки, откако славеа со 26-22 над Кронула Шаркс во шестото коло од новата НРЛ сезона.
Имено, ,,Витезите” беа на чекор до негативно изненадување, но успеаја да победат со полн есеј на две минути до крајот.
По првите четириесет минути, Њукасл водеше со 14-6, а Шаркс го добија вториот дел со 12-16.
Од поразениот состав, Чед Таунсенд погоди 3/4 конверзии, а во листата на поентерите се запишаа Џеси Рамиен (24′), Бритон Никора (43′), Конор Трејси (63′) и Мавене Хироти (67′).
Од другата страна, херојот на домаќините беше Келин Понга, кој освен двете полагања (16′, 78′), погоди и 3/5 конверзии.
Покрај него, по еден есеј за Најтс постигнаа Митчел Барнет (20′), Курт Ман (30′) и Броуди Џонс (54′).
На табелата, Њукасл со половичен учинок го држи деветтото, а Кронула се наоѓа на десеттото место.
📸 Ashley Feder/Getty Images