По двата врзани порази од Детроит Ред Вингс, Каролина Хурикејнс се вратија на победничките патеки, откако синоќа славеа со 4-1 над Нешвил Предаторс.
На минута и пол до крајот на првиот период, Ворен Фогел го отвори резултатот, носејќи им предност на домаќините.
Само 14 секунди по стартот на втората третина, Андреј Свечников зголеми на 2-0, а пет и пол минути подоцна, Винсент Трочек стрелаше за капитални 3-0.
Во третиот дел, Нешвил успеа да намали на 3-1 преку Ерик Хаула, кој погоди во момент кога неговиот тим беше со играч помалку на ледената плоча, а конечниот резултат го постави Себастијан Ахо.
Со новите два поени, Каролина се врати на првото место во Централната дивизија, додека Нешвил остана на четвртото место.
📸 Gregg Forwerck/NHLI via Getty Images