Муртаза Ахмеди е момчето кое стана светски популарно точно пред пет години, кога се појавија фотографиите на кои носи дрес од најлонска кеса. Петгодишното детенце од Авганистан го носеше дресот со бројот 10 на Лионел Меси. Неговиот постар брат ги поставил фотографиите на Фејсбук, а потоа тие вирално се проширија низ целиот свет и го привлече вниманието на сите медиуми.

Најразлични организации се заинтересираа за Муртаза Ахмеди, а фотографиите стигнаа и лично до Меси. Аргентинската суперѕвезда организираше средба со детенцето, на која Муртаза доби дрес, топка и фотографии за спомен со Меси. Токму од тој момент започнува и пеколот за детенцето.

По запознавањето со Меси и личната средба, по нивното враќање во Авганистан, на нивната адреса стигнала пратка од два пакети од аргентинската ѕвезда, а во нив имало само дрес и фудбалска топка. Од тој момент се раширила вест дека во пратката имало многу пари пратени до семејството и отогаш се цел на криминакци, бандити и киднапери. Детенцето од страв не ни посетувало настава на училиште.

Започнале да стигнуваат закани и од талибанските групи кои испратиле писмо во кое семејството било заплашено дека ќе им се случат ужасни работи. Ариф таткото на малиот Муртаза побарал од властите да добие азил, но неговото барање било одбиено. Исто така Ариф во Доха се сретнал и со Меси па и од него побарал помош која што не ја добил.

Едноставно популарноста дека го запознал Лионел Меси, на Муртаза му донесе многу повеќе проблеми и неубави работи отколку среќа што успеа да го запознае својот идол. Момчето на крајот сепак вели дека и покрај сите непријатности, Меси останува негов идол. Погледнете ја целата приказна раскажана од семејството на малиот Муртаза: