
На стогодишнината од своето постоење, шкотскиот фудбалски клуб Коув Ренџерс ги бележи најдобрите резултати во својата историја.
Имено, минатата сезона, екипата од околината на Абердин беше шампион на Лиг 1 и за првпат избори пласман во шкотскиот Чемпионшип.
На дебито во втората лига, Ренџерс запишаа изненадувачка победа, совладувајќи ги минатосезонските учесници во плејофот, Реит Роверс, со 2-0.
Заслужен за историската победа на Коув Ренџерс на ,,Балморал Стадиум” беше триесетгодишниот Митчел Мегинсон (8′, 50′), кој ги постигна и двата погодоци.
На табелата, Ренџерс го заземаат првото место после првата рунда бидејќи, освен нив, единствен тим што избори победа беше Партик Тисл, триумфирајќи над Данди ФК со 3-2.