Канзас Сити Ројалс ја прекинаа мини-серијата од две победи на Чикаго Вајт Сокс, откако синоќа ги поразија со 1-2.
На мечот, Ројалс поентираа во четвртиот и во шестиот ининг, додека домаќините дојдоа до почесен поен во седмиот период.
За клубот од Чикаго, четири бази освои Лери Гарсија по ударот на Гавин Шитс.
На спротивната страна, по еден хоум-ран запишаа Салвадор Перез и Вит Мерифилд.
Во Американската лига, Вајт Сокс (51-51) се деветти со половичен учинок, додека Ројалс (41-62) се подобри само од Детроит Тигерс и од Оукленд Атлетикс.