Женската фудбалска репрезентација на Англија е новиот европски шампион, откако ја освои титулата пред рекордна на Европските првенства од 87 192 гледачи на ,,Вембли”.
,,Лавиците” стигнаа до својата прва континентална круна, совладувајќи ја Германија во финалето со 2-1 после продолженија.
Во регуларниот дел, водство на домаќините им донесе Ела Тун (62′) после седум минути поминати на теренот, а во завршницата, за гостинките израмни Лина Магул (79′).
Сепак, Англија дојде до ново водство на десет минути пред истекот на второто продолжение, кога Клои Кели (110′) со златни букви се запиша во националната спортска историја.
Голем ,,удар” за Германките во ова финале беше повредата на загревањето на Александра Поп, која беше нивен прв стрелец на првенството со шест голови.
На патот до најважниот меч, во нокаут-фазата, Англија беше подобра од Шпанија (2-1) и од Шведска (4-0), додека Германија ги порази Австрија (2-0) и Франција (2-1).