Шестиот меч од четврт-финалната серија помеѓу Локомотив Јарослављ и ЦСКА Москва го добија домаќините после продолжение.
Имено, по регуларните 1-1, Локомотив дојде до посакуваниот триумф после дополнителни четири минути игра и израмни на вкупни 3-3, обезбедувајќи ,,мајсторка”.
Локомотив го отвори резултатот во втората третина, кога Денис Баранцев погоди за 1-0.
Во иницијалниот дел на третиот период, ЦСКА израмни преку Константин Окулов, а победата на претставниците на Јарослављ им ја донесе Владимир Ткачјов.
,,Мајсторката” помеѓу денешните ривали ќе биде одиграна во понеделник, а победникот ќе обезбеди конференциско финале против СКА Ст. Петербург.
📸 Twitter: КХЛ