Во рамките на 19 коло од Прва ЖФЛ во Кочани истоимената екипа ја нагости на ЖФК Шкендија од Тетово. Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера каде што до трите бода дојдоа тетовчанки со триумфот од 1:10.

Репрезентативното дуо на Шкендија го реши натпреварот, каде што Афродита Салихи постигна дури 5 гола, додека хет-трик беше дело на Хава Мустафа, а по еден гол во листата на стрелци придодадоа Брикена Шаќири и Медина Емини.

Домашната екипа во склоп на своите можности даде отпор, но тие се далеку од прволигашки квалитет со многумина фудбалерки кои се талентирани и во иднина од нив се очекува голем прогрес.
