Англискиот голфер Томи Флитвуд моментално го зазема дваесет и четвртото место на светската ранг-листа, но секојдневно покажува способности за враќање назад во топ десет, за првпат после ноември 2018.
Имено, пред две недели, на турнирот ,,Дел Технолоџис Меч Плеј”, во осмина-финалето против Дилан Фрители, Флитвуд, на четвртата дупка, успеа да погоди од првиот шут.
Станува збор за релативно ретка појава, но сепак 30-годишниот Англичанец успеа да го изведе истиот потег и синоќа, во текот на првиот ден од грен-слемот ,,Мастерс Турнамент” на шеснаесеттата дупка.
📸 Richard Heathcote/Getty Images