Единствениот денешен натпревар од четвртото коло на АФЛ го одиграа Порт Аделаид Пауер и Ричмонд Тигерс.
Имено, станува збор за дуел помеѓу минатосезонските првопласирани после регуларниот дел од сезоната и актуелните шампиони.
Накрај, до третата победа во сезоната дојде Порт Аделаид, кој славеше со (11.13) 79-77 (11.11) во трилер-натпревар.
На мечот, двете екипи постојано ја менуваа предноста, но истата никогаш не достигна повеќе од тринаесет поени.
Како најефикасен играч се покажа Џек Риволдт (3.0), кој беше ,,виновен” за вкупно осумнаесет поени на Ричмонд.
Од неговите соиграчи се истакнаа уште Кејн Ламберт (2.1) и Џејк Артс (1.1).
Од спротивната страна, Стивен Мотлоп (2.1) и Конор Рози (2.0) имаа најдобар поентерски учинок.
На табелата, Пауер го заземаат четвртото место, додека ,,Тигрите” се наоѓаат на шестата позиција, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
📸 Mark Brake/Getty Images



