Автомобилист Екатеринбург е тимот што го прекина налетот на Локомотив Јарослављ, кој се состоеше од девет врзани триумфи.
Имено, Автомобилист денес успеа да слави многу минимално со 1-0 и тоа дури после продолжение.
Впрочем, во продолжението се играа само дваесет и осум секунди – време доволно за Брукс Мајсек да ја затресе мрежата на Илја Коновалов за вторпат во последните пет мечеви.
После денешната средба и двете екипи се втори во своите конференции по бројот на освоени поени, но ја заземаат третата позиција поради второто место во своите дивизии.