Екипата на РК Струга одигра одличен меч и славеше победа против Радовиш дома со 27-21 (полувреме 15-10). Во тимот поради повреда денес воопшто не доби шанса крилото Игор Илиевски, а Вук Лакичевиќ кој исто така е повреден играше само неколку минути. Тоа не пречеше тимот на Струга да слави победа денес.



