(Комплетна статистика од мечот помеѓу Струга и Радовиш)
Екипата на РК Струга одигра одличен меч и славеше победа против Радовиш дома со 27-21 (полувреме 15-10). Во тимот поради повреда денес воопшто не доби шанса крилото Игор Илиевски, а Вук Лакичевиќ кој исто така е повреден играше само неколку минути. Тоа не пречеше тимот на Струга да слави победа денес.
Најдобар кај Струга беше капитенот Богдан Николиќ со десет гола, Пеце Рајатовски даде шест, а младиот Петар Маркоски имаше пет. На голот на Струга Јовановски имаше 12 одбрани ( 2 седмерци), a 5 oдбрани додаде Влатко Затаракоски (1 седмерец). Кај Радовиш, Илиев и Стојановски стрелаа по четири пати.
СТАТИСТИКА: СТРУГА 27 – 21 РАДОВИШ
СТРУГА: Затаракоски (5 одбрани, 1 седмерец), Маркоски 5, Крстаноски, Рајатоски 6, Лакичевиќ, Јанкулоски 4, Јованоски (12 одбрани, 2 седмерци), Ферукоски, Димитријески, Стојаноски, Николиќ 10, Илиевски, Костоски 2, Симоноски, Новаковиќ, Трајкоски.
РАДОВИШ: Долдуров 3, Јованоски, Паунов, Стојановски 4, Ситновски, Спасе Ѓорѓиев 1, Јован Ѓорѓиев, Спасов, Органџиев 3, Марков 2, Ристов 1, Трајковски, Илиев 4, Трајанов 3.



