
По трите последователни порази од Вашингтон Нешоналс, Мајами Марлинс успеаја да поврзат две победи над Аризона Дајамондбекс.
Имено, претставниците на Флорида го добија првиот меѓусебен дуел со 9-3, а синоќа беа уште поубедливи со 8-0.
Марлинс поентираа по двапати во првиот и во седмиот, а четири пати во вториот ининг.
Од сите поентери, хоум-ран постигна само Адам Дувал, а по четири бази освоија Мигел Рохас (х3), Кори Дикерсон (х2), Хозе Деверс и Магнеурис Сиера.
На табелата на Националната лига, Аризона (15-15) го зазема седмото место, додека Мајами (13-16) ја држи тринаесеттата позиција.



