
Серијата од пет победи во низа на Феникс Санс беше прекината синоќа со поразот од Атланта Хокс од 135-103.
На мечот, Санс се држеа резултатски три четвртини, а клучна за нивниот пораз беше серијата на Атланта од 14-0 на почетокот на четвртиот квартал.
Најефикасните играчи на мечот, кои го носеа дресот на Феникс, беа Девин Букер и Мајкл Бриџес со 30, односно со 18 поени.
Кај Атланта, Клинт Капела постигна дабл-дабл од 18 кошеви и 10 скокови, а по 16 поени забележаа Богдан Богдановиќ, Данило Галинари, Тре Јанг и Лу Вилијамс.
Со синоќешната загубена партија, Феникс (47-19) пропушти шанса да го презеде првото место од Јута Џез во Западната конференција, но сепак се наоѓа при врвот, заземајќи ја втората позиција.
Од друга страна, Атланта (37-30) е петтопласиран тим на Истокот.



