
Мајами Хит поведоа со вкупни 2-1, откако во третиот полуфинален меч ги поразија Бостон Селтикс со 103-109.
Претставниците на Флорида ја добија првата четвртина со убедливи 39-18 и до крајот само ја одржуваа својата предност.
Кај Бостон, Џејлен Браун имаше 40 поени, а дабл-дабл од 20 поени и од 14 скокови запиша Ал Хорфорд.
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Бам Адебајо (31 кош и 10 скокови), а уште 17 поентирања уфрли Пи Џеј Такер.