Во финалето на овогодинешниот Грчки куп, Панатинаикос го совлада ПАОК со минимални 1-0.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Шпанецот Аитор Канталапиедра (34′) од пенал во финишот на првото полувреме.
За ,,Зелените”, ова беше деветнаесетта титула во купот и воедно прва круна во сите натпреварувања после 2013/14.
На патот до финалето, новите шампиони ги елиминираа Атромитос, Волос, Кардица и Ламија.
Од друга страна, составот од Солун имаше далеку потежок пат преку: АЕЛ Лариса, АЕК Атина и Олимпијакос.