Во текот на претстојниот викенд ќе бидат одиграни дуелите од првата рунда од главната ждрепка на овосезонското издание на ФА Купот.
Истата беше отворена вечерва со дуелот помеѓу новите четвртолигаши, Херогејт Таун и Скелмерсдејл Јунајтед.
Имено, гостинската екипа е најнискорангираната во оваа фаза од најстарото клупско натпреварување, натпреварувајќи се во Норт Вест Каунтис Лиг Премиер Дивижн, односно деветтата лига на англиската фудбалска пирамида.
За Скелмерсдејл Јунајтед, ова е прва квалификација во првата рунда на ФА Купот после сезоната 1971/72.
Сепак, на теренот, ситуацијата не беше толку драстично поразлична, иако Херогејт запиша убедлива победа од 4-1.
Резултатот беше отворен уште во првите педесет секунди со голот на Калвин Милер. На семафорот стоеше 1-0 сè до третата минута од судиското продолжение, кога Марк Бек ја удвои предноста на својот тим.
Истиот играч му асистираше на Кормак Лоулор (68′) при постигнувањето на третиот погодок, а четвртиот гол на мечот беше дело на Арон Мартин (73′), кој влезе во игра само четири минути претходно.
На една минута пред крајот, деветтолигашите успеаја да постигнат почесен погодок, а авторот на овој историски момент беше Дени Мичли.



