Официјално е потврдено дека Ненад Димитријевиќ е позитивен на коронавирус. Хувентуд уште на почетокот од оваа седмица објави дека има пет случаи на кошаркари позитивни на Ковид-19, а македонскиот плејмејкер е еден од петмината кои ќе мора да заминат во самоизолација.



