
За првпат после 2014, Манли Си Иглс успеаја да поврзат две меѓусебни победи против НК Каубојс.
Имено, Си Иглс, во денешниот меч од четиринаесетто коло, триумфираа над ,,Каубоите” со 50-18.
Каубојс го започнаа мечот со одлична серија од 0-12, а во продолжение следуваше целосен пресврт на домаќините со низата од 44-0.
Најефикасниот поединец на теренот беше Рубен Герик од редовите на Манли, кој постигна еден есеј (50′) и погоди 7/9 конверзии.
Освен него, од соиграчите, со полагање поентираа уште: Бред Паркер (12′, 77′), Хаумоле Олакау’ату (18′, 39′), Карл Лотон (34′), Лахлан Кроукер (36′), Киран Форан (42′) и Дилан Вокер (65′).
На спротивната страна, Мареј Таулаги (2′), Џејвид Боувен (7′) и Хамисо Табуаи-Фидоу (72′) постигнаа есеј, а 3/3 конверзии погоди Валентин Холмс.
На табелата, победата го искачи Манли на шестото место, додека Каубојс останаа на осмата позиција.



