
Екипата на Милвоки Бруерс се наоѓа во одлична серија, откако синоќа славеше по тринаесетти пат на последните петнаесет пресметки.
Имено, последна ,,жртва” на претставниците на Висконсин беа Синсинати Редс, кои на домашен терен загубија со 2-7.
После пет периоди, Редс имаа предност од 2-1, но допуштија дури шест поени во наредните три ининзи.
За домаќините, со хоум-ран поентираше Џои Вото, а четири бази освои Кајл Фармер.
За противничкиот состав, топката на трибините ја лансираше Даниел Вогелбах, а со трчање, освен него, до поен дојдоа уште Луис Уријас (х2), Кристијан Јелич и Вили Адамес (х2).
Веднаш по натпреварот, Бруерс (35-27) го држеа четвртото место во Националната лига, додека Синсинати (29-31) ја заземаа десеттата позиција.