Иван Тасески, на задоволство на охридската ракометна јавност ја продолжи соработката со РК Охрид, потпишувајќи нов едногодишен договор. Пикерот е еден од главните столбови на одбраната на тренерот Стојановиќ, а често знае да се истакне и во нападот. Деновиве се очекува да се официјализираат и договори со останатите ракометари на кои ќе се смета во новата сезона.