
Сенегал и Гвинеја го продолжија ,,трендот” на тврд фудбал во досегашниот тек на Африканскиот куп на нации.
Имено, во второто коло од групата Б, двете екипи ремизираа со 0-0, одигрувајќи го тринаесеттиот од досегашните петнаесет натпревари, кој завршил со еден или со нула голови.
На денешната средба, најблиску до погодок беа Бума Сар и Абду Диало од Сенегал, кои имаа две добри нереализирани шанси во второто полувреме.
Во текот на првото полувреме, Гвинеја ја имаше иницијативата на теренот, но во вториот дел, составот предводен од Садио Мане ја презеде контролата во свои раце.
На табелата, на крилјата на победата од првото коло, двете селекции ги заземаат првите две позиции.




