
Последните четири меѓусебни пресметки помеѓу Лутон Таун и Милвол, одиграни на ,,Кенилворт Роуд”, завршија со нерешен резултат.
Најнеодамнешниот дуел беше одигран синоќа, во рамките на заостанатото дваесет и трето коло од Чемпионшип и истиот заврши со резултат од 2-2.
Гостите поведоа уште во четвртата минута преку Зиан Флеминг, кој ја искористи грешката на голманот Итан Хорват, а предноста на Милвол ја удвои Том Бредшоу (52′) со дванаесеттиот погодок сезонава.
Сепак, домаќините не се предадоа и најпрво намалија, благодарение на Елајџа Адебајо (58′), а израмнувачкиот гол беше дело на Лук Бери (87′).
Засега и двете екипи имаат сезони, кои ги надминаа сите очекувања и моментално се наоѓаат во плејоф-зоната на петтото и на шестото место.