
Екипата на Сан Хозе Шаркс го отвори месец март со пораз на домашен терен од Монтреал Канадиенс од 1-3.
Во првата третина, ,,Ајкулите” стекнаа почетно водство, откако мрежата на Џејк Ален (97,37% одбрани) ја затресе Џејкоб МекДоналд.
Сепак, во третиот период, Канаѓаните, во интервал од десет минути, постигнаа три гола преку Кејден Гули, Јесе Илонен и Кристијан Дворак.
На табелата на Западната конференција, Сан Хозе го држи четиринаесеттото место, додека Монтреал ја зазема истата позиција, но на Истокот.